Семејство од Британија го очекува своето 21 дете

Добивај вести на Viber

Британците Сју и Ноел Радфорд, по 28 години во брак, годинава ќе го добијат своето 21-во дете. 

Ова по  нецела година откако им се роди нивниот последен син Арчи.

Радфорд се и официјално најголемото семејство во Обединетото Кралство, а живеат во куќа која некогаш била старечки дом.

Сју и Ноел овојпат ќе добијат девојче, коe ќе им се придружи на Кристофер (28), Софи (24), Џек (21), Даниел (19), Лук и Мили (17), Кети (15), Џејмс (14), Ели (12), Ејми (11), Џош (10), Макс (9), Тили (7), Оскар (6), Каспер (5), Хали (3), Фиби (2) и најмалиот Арчи, кој има девет месеци.

Сју и Ноел неодамна станаа и дедо и баба.