СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

Добивај вести на Viber

Сестрата на Наташа Совраноски, младата Македонка која беше пронајдена мртва во Германија, икзрази голема благодарност до сите добри луѓе кои дошле на погребот на Наташа, им изразиле сочувство, но и на сите кои им помогнале и им понудиле помош. 

Анастасија Совраноски излезе со следнава објава на фејсбук. 

„Почитувани семејства, пријатели, познаници и колеги на Наташа.

Сакавме да им се заблагодариме на сите што дојдоа на погребот.

Благодарност до сите што изразија сочувство.

Ви благодариме на сите што ни испратија писмено сочувство.

Ви благодариме на сите што дојдовте на споменикот и ни испративте цвеќе.

Ви благодариме за секој убав гест и љубезен збор што ни покажа дека не сме сами во нашата тага

Ви благодариме за донациите за погребот и за собраните пари за Алесија 

Толку боли да изгубиш некој посебен 

Мојата сестра сепак нема никогаш да биде заборавена и ќе остане засекогаш во нашите срца“, напиша на фејсбук Анастасија Совраноски, заедно со нејзиниот татко Милчо, мајката и други блиски на семејството.

Како што е познато, Наташа Совраноски имаше 25-години и беше мајка на едногодишно девојче. Таа исчезна во Штутгарт, Германија, а после 25 дена од исчезнувањето нејзиното мртво тело беше пронајдено во шума, по што беше погребана. 

Подетално читајте на Фактор тука.Фото: Фејсбук