Серена Вилијамс: Никогаш не мислев дека ќе се омажам за белец...
Серена Вилијамс одлучи да го посвети својот живот на тениска кариера, но потоа се вљуби и се се промени.
Нејзината кариера е ставена на пауза, а таа е посветена на ќерката Алексис Олимпија, којаја доби со својот сопруг Алексис Оханиан, сопственик на социјалната мрежа Reddit.
Иако тој е се што сака, и „оној вистинскиот“, Серена призна дека никогаш не очекувала да биде некој како него.
„Интересно е ... Јас никогаш не мислев дека ќе бидам во брак со бел човек, па тоа само покажува колку љубовта нема граници, не знае за боја и покажува што претставува љубовта“ -откри на странските медиуми, додавајќи дека постојат многу разлики меѓу црнците и белците, но тие не стоеле на патот на нивната љубов.
„Јас сум спортист, тој е бизнисмен. Јас сум црна, тој ебел. Ние сме целосни спротивности, кои се дополнуваат едни со други совршено ", објасни за Њујорк тајмс една од најуспешните тенисери на светот која во својата кариера, има освоено дури 23 гренд слем титули.