Серхан од турската серија „Мали убиства“ романтичен во приватниот живот: Jа изненади сопругата Идил за втората годишнина од брак

Мерт Фират кого го засакавме како Бурак во „1001 ноќ“ деновиве ја прослави втората годишнина од бракот со прекрасната сопруга Идил. Иако и двајцата не се премногу присутни на социјалните мрежи и настојуваат да го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, овојпат си разменија романтични љубовни пораки на нивните профили.

„Сега сме тројца“ - напиша Мерт потенцирајќи ја бременоста на сопругата која ја објавија во април годинава. Фановите беа воодушевени мислејќи дека со ваквата порака Мерт го објавува раѓањето на бебето но подоцна на профилот на Идил се појави фотографијата со која се разјасни дека всушност згодниот пар ја одбележува годишнината од бракот.

Идил на својот Инстаграм профил објави прекрасна фотографија од свадбата и напиша: „Поминаа 2 години од најубавиот, најспецијалниот и најмагичниот ден во мојот живот. Ти благодарам драги за секој момент, за секој ден во тие 2 години. Нека целиот живот нѝ биде исполнет со иста ваква возбуда, љубов, приврзаност и мир...

Мерт коментираше на фотографијата:

„Ние еднаш се држевме за раце за никогаш повеќе да не се пуштиме. Поминаа месеци и недели, многу вода протече под мостовите, видовме како брзо поминаа две години и сега сме тројца… Му благодарам за животот што те донесе пред мене Идил Фират. Вредиш за секоја минута што те чекав “

Мерт е актуелен со улогата на Серхан  во хит серијата „Мали убиства“ која во мометов се емитува на TimlessDizi Channel. Во приказната за Оја, брилијантен гинеколог од Истанбул, која се враќа во родното место да им се одмазди на школските другарки кои ја понижиле, Мерт го толкува згодниот Серхан кого среќата и успехот го следеле цел живот се' до моментот кога ја сретнува Оја и е инстантно привлечен од неа.

Уживајте во сплетките, интригите, страста, љубовта и одмаздата испреплетени во секоја епизода од серијата „Мали убиства“ која се емитува секој работен ден во 19:50ч. на TDC. Ако сте пропуштиле некоја епизода гледајте го викенд маратонот. Побарајте TDC од вашиот оператор.