Сертификатите за вакцинираните се готови: Во Грција ќе се патува со таков документ или со негативен ПЦР, најави Филипче
Министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека Македонија веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги доби од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Во интервју за ТВ Сител, Филипче истакна и дека освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.
-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест.
Деталите читајте ги на Фактор, тука.