Актуелно // Insta вести
Сестринската љубов е засекогаш: Пере од Нокаут објави симпатично видео од најмалите ќеркички
- 05 Ноември, 2023
Фронтменот на познатата музичка група „Нокаут“ Никола Перевски Пере во јуни годинава стана татко по четврти пат.
Пере денес е богат татко . Има четири ќерки, а најмалото девојче кое има само 5 месеци ужива во љубовта која ѝ ја пружаат сестричките.
Преслатко видео на Инстаграм стори објави вчера Пере споделувајќи како една од ќеркичките ѝ искажува сестринска љубов на најмалата Ирис.
Инаку тој со сопругата Јована, ја има и Софија, а од првиот брак пејачот има уште две ќерки, Михаела (25) музичарка и пејачка и Каја (16).
ФОТО: Инстаграм