Четвртото дете го роди во базен: Актерката сподели фотографии од пораѓањето, а на бебето му даде необично име

Добивај вести на Viber

Хилари Даф го роди четвртото дете во својот дом, а фотографиите ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Поранешната ѕвезда на Дизни, во својот дом, поточно базен со топла вода наменета за породување ја роди ќерката на која и го даде името Towns Meadow Bear, а фотографиите направени веднаш по породувањето ги сподели со своите фанови на Инстаграм.

„Towns Meadow Bear, сега знаеме зошто нè натера да чекаме толку долго … Сонував да те држам со месеци, а последните денови кога те гледав и те мирисав беа моменти на чиста магија. Сите те сакаме како да си тука цело време“, рекла Хилари Даф, а на честитките им нема крај.

Хилари од претходната врска го има синот Лука, додека со сопругот Метју Кома има уште две ќерки Бенкс и Меј. Веста за бременоста ја откри на Инстаграм преку божиќна честитка.

View this post on Instagram

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)



Фото:Инстаграм