Сето ова што го гледате не е тоа: Сите нешта се јадат, а таа што ги прави е вистинска уметница

Турчинката Туба Гекил прави неверојатно реалистични торти и колачи

За оваа талентирана жена нема ништо што не може да се претвори во кулинарско уметничко дело. Кога беше воведен локдаунот поради пандемијата на корона вирусот, таа имала вишок слободно време што го користела за да ги подобри и усоврши своите кулинарски вештини.

Таа денеска на својот Инстаграм профил објавува реални торти и колачиња под хаштагот „сè е торта“.


Таа е инспирирана од предмети и храна од секојдневниот живот, цртани ликови. Многу следбеници беа толку воодушевени што не можеа да поверуваат дека и чиниите може да се јадат!


Гекил е самоук уметник. Таа е по потекло од провинцијата Ескишехир, а нејзините родители се сликари аматери. 20 години работи како слаткар и е член на Турската федерација на готвачи.


Својата прва реалистична торта во облик на автомобил ја направила по повод роденденот на нејзиниот син, кој на почетокот мислел дека му подарила играчка. Откако ја усовршила својата техника, таа започнала да предава курсеви во САД, Нигерија, Индија и други земји ширум светот.


Таа сега живее во Истанбул и е сопственик на слаткарницата Red Rose Cake, која се наоѓа на две локации во споменатиот град.








Фото: Инстаграм/ redrosecake_tubageckil