Северина и Игор посвојуваат дете: Близок пријател раскажа детали

Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ планираат да посвојат дете, пишува белградски „Информер“. Пејачката наводно веќе подолго време се обидува да забремени.

„Северина силно сака да има дете со Игор, но за жал никако не им успева. Поради тоа одлучија да посвојат дете“, рекол извор за „Информер“. Според него, поп-ѕвездата и нејзиниот сопруг веќе почнале да се распрашуваат за домовите за незгрижени деца во Хрватска.

„Таму процесот на посвојување е многу комплициран, а и двајцата се одлучни во својата намера. Неодамна го посетија „Детски дом“, институцијата за незгрижени во Загреб,  па ќе размислат дали таму ќе поднесат барање за посвојување“, открил соговорникот кој е близок пријател на двојката, и додал дека Северина и Игор уште не се одлучиле дали сакаат да посвојат машко или женско дете и оти тоа не им е воопшто важно. 

Пред две години,Северина имаше спонтан абортус. Иако веста за бременоста, таа и сопругот се обидоа да ја сокријат од јавноста, тоа не им успеа, а пејачката никогаш не даваше изјави за медиумите на оваа тема. 

Фото: Милош Надазин, Петар Ѓорѓевиќ- „Стори.рс“