Северина: Љубов во време на корона

Добивај вести на Viber

Северина на својот Инстаграм профил објави слика со нејзиниот син и напиша: Не сум писател ама ќе ви опишам како изгледа љубовта во време на корона.

Таа вели дека е само една мајка на седум годишно момче, кое пред 117 дена, на неправеден начин е оттргнато од нејзините прегратки, а таа неправда во нејзиниот живот дошла исто како коронавирусот, толку неочекувано, болно и неизлечиво.

„Јас сум само една мајка што се будев во солзи тие 117 дена, освен можеби десет дена, колку што ноќи спиеше мојот син, во нашиот дом за тие три и пол месеци. Вечерва сонував за него ... И плачев ... Неопислива болка, измешани чувства за коронавирусот и страдањето на луѓето кои се разболеа, а не знаат зошто. Не знаеме ни како да се лекуваме, или колку ќе трае, нема лек ... Мојот „коронавирус“ трае од 11.08.2019 година, кога дознав дека мојот син, кој од раѓање е со мене, кој живеел со мене во среќа и радост, искапен во љубов, со една неправедна мерка и пресуда, која дојде како корона, никој не знае зошто и како е одземен од мене, а во хрватското судство досега немало таков случај. За прв пат пресудата беше донесена спротивно на стручното мислење, за прв пат дете родено во Хрватска, и е хрватски државјанин, и посетува училиште во Хрватска, му се доделува на родител кој има привремен престој во Хрватска.

Мојот коронавирус има лек и се нарекува правда, а нејзиното бавно доаѓање значи дека можам да го гушнам моето бебе само во 15 часот во вторник.“ - напиша Северина.


Нејзиниот статус во целост:


Поврзано со Северина, прочитајте:

Нова неволја: Северина повторно на суд, сега судијката ја тужи нејзе

Во секој ваш збор почувствував по една молитва: Ново обраќање на Северина

На моето дете му требам онаква каква што сум: Северина со ексклузивно интервју