Северина со солзи и потресни зборови излезе на концерт: Психопати, молчев упорно и храбро ... (ВИДЕО)
Врховниот суд ја поништи одлуката на Жупанискиот суд за заедничко старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син Александар, а старателството над момчето му беше доделено на таткото.
Северина Вучковиќ синоќа имаше голем концерт во Јахорина, а на публиката и се обрати со преемотивни зборови:
- Не станав од кревет 4 дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да си ја средам косата и да ви се поклонам - почна Севе и доби аплауз од публиката.
-Прво да им се поклонам на сите мали и слаби жени кои ми дадоа сила... Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, на големите и моќните... Дека деновиве дури и наоѓам сила да станам од кревет и да го испратам моето дете на училиште и да се обидам лично да ви се заблагодарам на сите вас кои ми пружате неизмерна љубов. Не смеам да бидам нечесна, морам и да им се заблагодарам на сите мажи. Особено на моите колеги од естрадата. Моето сандаче на Инстаграм е полно. Многумина од вас ми ги споделуваат своите искуства, има шокантни кои ме расплакаа, а има и многу од Босна и Херцеговина кои се жртви на институционално насилство. Знам и еден случај од Херцеговина, мајка на две девојчиња која отишла кај татко насилник, кој ги силувал и двете - прочита Северина и додаде:
- Велат дека мора да молчиме и да бидеме покорни кога се во прашање децата. Молчев упорно и покорно, зборуваше другата страна, а јас чекав и верував во хрватскиот правен систем, како што веруваат жените во Босна. Молчев додека за прв пат не ми го одзедоа детето. Оттогаш зборувам за неправдите на системот, за организираното киднапирање на деца кога се вмешани богати и моќни татковци. Нема да застанам ниту јас, а се надевам дека нема да запрете ниту вие сите жени од Босна и Херцеговина – рече таа.