Сезоната на подарување е отворена: Samsung Galaxy Watch 46mm на подарок со купување на одредени уреди

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung дојде до позицијата лидер во глобалната индустрија на мобилните уреди преку врвниот квалитет на производите и ставањето на потребите, желбите и интересите на корисниците секогаш на прво место, па за нив подготви посебна промоција која што почнува од 22 октомври до 22 ноември.

Со секое купување на телефоните Galaxy Note20, S20, Z Flip или Z Fold 2 сериите, Samsung во наведениот период на корисниците ќе им подари Samsung Galaxy Watch 46mm уред на подарок, кој што ја обединува функционалноста на паметниот часовник и природната својствена на аналогните часовници, правејќи еден целовит производ за 21 век.

Најнапредното корисничко искуство секогаш ги прати паметните телефони на Samsung, а Galaxy Note и S серијата веќе долги години важат за уреди кои постојано ја поместуваат границата на мобилните доживувања за скалило погоре. Galaxy Note20 серијата е идеална за најпребирливите бизнис корисници чие секојдневие има потреба од моќен паметен телефон на кој можат, со помош на S Pen пенкалото, да фаќаат забелешки од состаноци, да запишуваат идеи и да ја зголемат својата продуктивност со мноштво мултитаскинг можности. Galaxy S20 серијата, од друга страна пак, е одличен сопатник на сите урбани креативци кои што сакаат да го искористат максимумот кој што го пружа врвната камера, со мултимедијални опции за уште попријатно и поедноставно уживање во сите видови на содржини.

Исто така, Samsung оваа година на корисниците им донесе никогаш претходно видени иновации на полето на дизајнот и мултифункционалните паметни телефони во вид на преклопни уреди. Galaxy Z Flip го карактеризира компактен дизајн на модерен уред на преклоп за корисници кои што сакаат секогаш да се во тренд. Galaxy Z Fold 2 е модел кој со право се третира како еден  од најиновативните производи на компанијата Samsung, според тоа дека го усоврши и унапреди искуството на паметен телефон на преклоп со својот голем, простран внатрешен екран и стандардниот надворешен, создаден за непречено гледање на содржини и употреба на апликациите, со преминување од еден екран на друг, без прекинување на активностите.


* Комерцијален текст