Сезоната во која сме родени го одредува нашето ментално здравје: Децата родени во зима се чувствителни, а во есен лути

Покрај месецот и времето на раѓање, и годишните времиња имаат влијание врз формирањето на личноста и нашите навики

Астролошките знаци се изведени од годишните времиња, односно од карактеристиките на природата кои владеат во тие периоди, а научниците во Унгарија спроведоа истражување за тоа.

- Се покажа дека родените во текот на зимата се „тенки со нервите“, додека родените во лето се психички најстабилни.

Пролет - повремена депресија

Родените во март, април и мај се секогаш добро расположени и оптимисти. Тие се способни да ги согледаат проблемите во позитивно светло и секогаш веруваат дека сонцето доаѓа по дождот. Но, тие често поминуваат низ депресивни состојби. Според резултатите од истражувањето, на оваа душевна болка најмногу се подложни родените во април. Од друга страна, депресијата е најмалку застапена кај луѓето родени во ноември.


Следна страна