Шакира го фатила Пике во кревет со друга: Се зборува дека ќе се разделат по 12 години среќна врска?!

Добивај вести на Viber

Светските медиуми велат дека славната двојка е пред раскинување!

Долгогодишната врска помеѓу пејачката Шакира (45) и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (35) наводно е на работ на колапс откако колумбиската пејачка го фатила својот партнер момче со друга, пишуваат странските медиуми.

Според шпанскиот „Елпериодико“, Шакира го фатила Пике во кревет со друга жена. Се наведува дека парот веќе неколку недели живее одвоено откако пејачката го избркала фудбалерот од семејниот дом Пике, како што пишува, сега живее во својот дом и живее ергенски живот.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Блиски извори тврдат дека шпанскиот репрезентативец често посетувал ноќни клубови со соиграчот Рики Пуиг и неговото друштво, а знаел од излегување да се врати околу 3 часот наутро.

Иако сè уште не се огласиле за овие озборувања, новинарот на споменатиот шпански медиум тврди дека овој пар ќе се раздели.

- Шакира донесе одлука за раскинување. Затоа постои дистанца меѓу нив- рече новинарот за време на подкаст во живо на почетокот на неделава.


Да потсетиме, латино дивата Шакира и фудбалерот Жерар Пике се заедно повеќе од десет години, имаат два сина кои ги добија православните имиња Милан и Маша.

Тие се запознаа во Мадрид во 2010-та година кога таа дојде да сними видео за навивачката химна на Светското првенство „Вака Вака“.



Извор: stil.kurir.rs