Шакира затајувала данок? Судот бара повеќе од осум години затвор, таа убедена во победа
Во обвинението до кое дојде АФП, правобранителството посочува дека ќе бараат и речиси 24 милиони евра од пејачката, која е обвинета за затајување на 14,5 милиони евра од шпанските даночни власти од 2012 до 2014 година.
Јавното обвинителство во Барселона, во североисточна Шпанија, во петокот објави дека ќе побара повеќе од 8 години затвор за затајување данок за колумбиската ѕвезда Шакира (45), која одбива спогодба и вели дека е подготвена за правна битка.
Во обвинението што го виделo АФП, правобранителството посочува дека ќе бараат и речиси 24 милиони евра од пејачката, која е обвинета за затајување на 14,5 милиони евра од шпанските даночни власти од 2012 до 2014 година.
Адвокатите на Шакира тврдат дека пејачката во тој период не живеела во Шпанија. Судот сега треба да одлучи дали и кога ќе поднесе обвинителен акт.
Колумбиската пејачка, која продаде повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, секогаш ги исполнувала сите даночни обврски, објавија во средата нејзините адвокати.
- Пејачката е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата - се наведува во соопштението за медиумите.
Условите на предложената спогодба не се откриени. 45-годишната пејачка, која многумина ја нарекуваат „кралица на латино музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике (35), играч на фудбалскиот клуб Барселона. Двојката има две деца, но oд неодамна не живеат заедно.Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил за наводниот долг, таа ги платила тие 17,2 милиони евра што шпанската даночна канцеларија тврдела дека ги должи.
Според неа, со години нема неподмирен долг кон даночните власти, а убедена е дека ќе победи на суд.