,

Шампионот Оги престојува во Скопје Мериот хотел

Добивај вести на Viber

Најпознатото инстаграм куче и миленик на голем број следбеници на социјалните мрежи, Шампионот Оги е гостин на Скопје Мериот хотел, што го прави хотелот единствениот висок бренд во Македонија кој го ужива епитетот „пријател на животните”. Во Скопје Мериот секоја соба е прилагодена за вдомување миленици соодветно на нивните потреби, лобито е отворено за нивно уживање, како и терасата на ресторанот каде што може да присуствуваат на убава вечера.


Специјалниот гостин на Скопје Мериот, западно Шкотскиот бел териер Оги што деновиве престојува во хотелот е миленикот на инстаграмџиите со околу 30.000 фанови и е познат скопски шармер. Оги е шампион од повеќе причини. Најпрво, титулата е добиена кога освоил награда за млад шампион на Македонија, а сега истата е прерасната во бренд, додека Оги ги освојува срцата каде и да отиде. Како вистинска ѕвезда со весел и дружељубив карактер, Оги престојуваше во премиерапартман и заедно со својот најдобар пријател уживаа во прошетка низ хотелот.


Како што луксузот во хотелиерството продолжува да расте, сè повеќе хотели, дури и големите франшизи, почнаа да ги отстрануваат сите забрани за гостите со миленичиња. Милениците се како дел од семејството, па затоа, внимателно се разгледуваат сите нивни потреби, грижа и благосостојба пред патување или одмор. За разлика од порано, кога сопствениците беа принудени да го остават домашното милениче на чување пред пат, сега постојат повеќе опции за најдобриот пријател на човекот да биде дел од патувањето и престојот.