Шекеринска со сопругот на Охридско лето, ја поддржа претставата „Мојот маж“ (ФОТО)
Радмила Шекеринска со сопругот Божидар Јанковски познат како Бобо- „Дајнерс„ сношти уживаше во претставата „Мојот маж“ која се одржа во рамките на фестивалот „Охридско лето“, на сцената на Долни Сарај во Охрид.
Министерката за одбрана и сопругот, беа седнати во првиот ред, а пред и по претставата се поздравија со неколку пријатели.
На крајот од претставата, Шекерниска и Јанковски меѓу првите станаа и им дадоа голем аплауз на двете главни актерки Јована Беловиќ и Сања Марковиќ. „Мојот маж“ е претстава работена според раскази на Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ, а ја изиграа дев брилијатни актерки од Југословенскиот народен театар.
Во збирката раскази, Бужаровска созадала портрети на различни жени кои поради една или друга причина се разделуваат или се пред разделување со мажите. Претставата е одлично осмислена, во пет приказни, а во сите нив е клучно што жената секогаш има на кого да се потпре, својата најдобра пријателка, колешка или мајка. Во едната приказна, жената го открива мажот дека ја изневерува, во друга таа го изневерува него, во третата, жената поради несреќен случај останува без својата ќерка, но до самиот крај се плаши на својот маж да му каже дека тоа е нејзина вина, а делумно е и негова.
Румена Бужаровска со ова дело дава своевиден протсет против патријахатот. Во расказите, таа зботрува за жените кои многу лесно можеме да ги најдеме во нашето блиско опкружување, а во дадени моменти таква може да биде секоја од нас.
М.Џаровска