Шеќерот - тивок убиец: Вака го убива нашето тело!
Шеќерот се наоѓа во салама, леб и други преработени производи, а исхраната богата со шеќер е штетна за црниот дроб и срцето.
Шеќерот е дрога на современата доба, создава зависност и е штетен за целото тело. Најголемиот проблем е тоа што се наоѓа во повеќето преработени намирници на пазарот: од леб до месни производи, а луѓето не се свесни колку шеќер дневно внесуваат.
Го уништува црниот дроб
Храната со висок процент на шеќер создава масни наслаги околу црниот дроб, која е проследена со неалкохолни масни болести на црниот дроб.
Експерти ја забележале појавата на болест на црниот дроб кај деца кои се во додир со алкохол, па причинител на шеќерот се и соковите и слатките.
Ако заболените не се придржуваат кон здрава исхрана, болеста може да доведе до цироза иако воопшто не внесуваат алкохол.
Активира болести на срцето
Шеќерот е лош за здравјето на срцето, дури и за луѓето кои се во добра форма, предупредува кардиолог. Зголемен внес на шеќер доведува до зголемување на мочната киселина во крвта, што доведува и до зголемување на крвниот притисок и ризик од срцев удар. Тоа се случува и кај луѓе со нормална тежина.
Шеќерот - тивок убиец
Солта и зголемениот крвен притисок често се истакнуваат како опасност за човечкото здравје, но вистината е како шеќерот е баш како нив т.н тивок убиец.
Студијата од 2008 открила дека прекумерно конзумирање на фруктоза може да доведе до отпорност на телото на лептин. Тој хормон му говори на мозокот дека сме сити, а резултатот е епидемија на дебелина. Освен тоа, шеќерот се поврзува и со настанување на малигни болести, како причинител, но и „храна“ за тумори.
Една студија покажа дека шеќерот од соковите годишно зема 200.000 животи. Според студијата на Харвард, дијабетес, срцеви болести и рак кои ја предизвикале таа смрт, поврзани се со зголемен внес на слатки сокови.