Шер (78) се трансформирала поради корекцијата на лицето: Добро погледнете ја, луѓето се во шок (ВИДЕО)
Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед предизвика бура од реакции.
Поп-легендата излезе на сцената во вторник, на 15 октомври за Unreal Show 2024 година, што го одбележа враќањето на годишниот спектакл на писта по неговото откажување во 2019 година, поради критиките за нејзината недоволна инклузивност.
На розовиот тепих се појави со 40 години помладиот дечко Едвард, а потоа доминираше на сцената.
Таа во специјален костим изведе два големи хита „Strong Enough“ и „Believe“.
Сепак, она што овојпат привлече можеби најмногу внимание - е нејзиниот изглед, поточно лицето.
Како што се коментира, а можеби и малку забележано, таа повторно направила неколку операции на лицето, до тој степен што изгледа „на работ да пукне“.
Шер си го „средуваше“ лицето, а на многумина тоа не им се допадна: „Повторно си направи нешто на себе, и изгледа ќе пукне“, „Ај, ја сакам Шер, но ова навистина не и одговара , таа е искривена“, „Сега претера со овие јаготки“ ...
ФОТО: Јутјуб