Шерифовиќ во понеделник на дружба со фановите во „Сити Мол“

Добивај вести на Viber

Најдобриот женски вокал на овие простори, Марија Шерифовиќ, во понеделник доаѓа во Скопје на дружба со своите фанови, но и да ги открие деталите за нејзиниот концерт закажан на 3-ти август на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Шерифовиќ од Белград ќе пристигне со својот личен возач, а веднаш по нејзиното доаѓање таа ќе биде гостинка во специјална емисија на „1ТВ“, а во 20:30 во трговскиот центар „Сити Мол“, ќе се сретне со своите обожаватели каде ќе дели автограми и ќе се фотографира.

Влезниците за концертот на поранешната евровизиска победничка може да ги купите преку продажните места на „МК-тикетс“, Градскиот плоштад во Скопје, градскиот плоштад во Охрид и во „Сити Мол“.