Шерон Стоун измамена: Хирург и вградил силикони без нејзина согласност

Актерката Шерон Стоун во својата книга мемоари тврди дека за време на реконструктивната операција, по отстранувањето на бенигниот тумор, хирургот и ги зголемил градите без нејзина согласност, бидејќи сметал дека таа „ќе изгледа подобро со поголеми и подобри гради“.

„Кога ми ги тргнаа завоите, открив дека моите гради се една бројка поголеми, што подобро одговара со големината на моите колкови, пишува „Тајмс“ за дел од новите мемоари на актерката.

Инцидентот е само една од работите што Стоун ги откри за нејзиниот живот во „The Beauty of Living Twice“.

Актерката откри и дека таа и нејзината сестра биле сексуално злоставувани од нивниот дедо Кларенс Лосон, со кого и двете девојчиња биле во собата некое време.

Лосон почина кога имала 14 години.

Во своите мемоари таа даде нови детали за тоа како била измамена да направи експлицитна сцена во трилерот „Ниски страсти“.

Актерката вели дека „ја измамиле да ја соблече долната облека“ за култната сцена на испрашување во полициската станица, откако и било кажано дека „ќе рефлектира светлина“ и ја увериле дека меѓуножјето нема да биде видливо.

Открила дека била измамена само кога била поканета да ја гледа последната верзија на филмот, „не само со режисерот, како што некој би помислил, туку во просторија полна со агенти и адвокати, кои немале директна врска со филмот“.


Фото принтскрин (сцена од филмот Ниски страсти)