Шест недели по втората доза добила корона: Српска водителка раскажува како и помогнала вакцината

Добивај вести на Viber

Српската водителка Ирина Вукотиќ била ревакцинирана против коронавирусот пред шест недели, а после тоа дознала дека е позитивна на вирусот. Таа посочува дека, благодарение на вакцината, поминалао без поголеми проблеми и последици.

„Открив дека имам корона во понеделник, на 5 април. Два дена порано, носот почна да ме чеша. Бев убедена дека станува збор за алергија на полен, па затоа и се јавив на д-р Тања Радосављевиќ, пулмолог, која честопати беше гостин во мојата емисија и ја прашав за совет. Ми рече да земам ериус. Бидејќи лекот не делуваше, повторно се обратив до неа. Јас и објаснив дека носот ми е затнат, дека слушам помалку и дека чувствувам замор. Секако, таа веднаш ме упати да направам тест на крвта, но и тест за корона. Малку збунета, потенцирав дека сум ревакцинирана пред шест недели и дека нема шанси да се разболам. Таа беше упорна: „Ајде, направи тестови, да ја отстраниме таа можност“, ја започна приказната водителката на Hello.

Целиот текст читајте го на Фактор , тука.