Шест продукти кои ги спречуваат грчевите во мускулите: Здрави се и полни со магнезиум

Добивај вести на Viber

Овој животен минерал е важен за квалитетно функционирање на организмот

Магнезиумот многумина го нарекуваат животен минерал, бидејќи е клучен за здравјето на нашиот организам. Доколку овој минерал го нема во долна количина во нашето тело може да се јават тегоби, а најчести се грчевите во мускулите, кои се прв индикатор за тоа дека би требало во исхраната да внесувате повеќе продукти кои содржат магнезиум.

Нутриционистите истакнуваат дека постојат шест продукти кои се полни со овој драгоцен минерал и кои благотворно делуваат на здравјето на нашиот организам:

1. Бадеми

Бадемите се на врвот на листата продукти кои изобилуваат со овој минерал. Во 30 грама бадеми има 105 милиграми магнезиум. Овој јаткаст плод е богат и со витаминот Е, антиоксидант кој го одржува имунитетот и помага во здравјето на очите. Бадемите се богати и со омега-3 киселини, но и протеини, па се одлична закуска помеѓу оброците, бидејќи долго време даваат чувство на ситост.

2. Сусам 

Во 30 грама пржен сусам има 101 милиграм магнезиум. Ова е одличен извор и на витамин Б6 и железо, што го прави посакуван во исхраната што е можно почесто. Може да се користи така што со него ќе ја наросите питата или пројата пред печењето, а потпржениот сусам е одличен и како додаток во салата со сирење.

3. Сончоглед

Семките од сончоглед се исто така извор на магнезиум, а во 30 грама има дури 128 милиграми од овој драгоцен минерал. Покрај магнезиумот, семките од сончоглед се и одличен извор на калциум, како и за полузаситените масти кои помагаат да се намали лошиот холестерол во крвта. Можете да ги јадете како грицки, а наместо пакувани и посолени, одбирајте ги сировите, кои се поздрави.

4. Банани 

Од овошје, бананата содржи одредени количини на магнезиум. Едно парче од ова овошје има 22 милиграми магнезиум. Покрај овој минерал, бананите се богати со калиум и електролити, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Бананите можете да ги јадете како ужина, но и со правење смути од нив или додавање во овошна салата.

5. Брокула 

65 грама варена брокула содржи 51 милиграм магнезиум и повеќе витамин Ц од портокалите. Овој зеленчук можете да го јадете како прилог, а најдобро ќе ги искористите сите негови хранливи состојки ако го комбинирате со домати.

6. Грашок

Оваа мешунка е богата со магнезиум и 130 грама грашок содржат 48 милиграми од овој минерал, како и потребната дневна доза на витамин Ц. Грашокот е одличен извор на калиум и витамин А. Направете го како чорба за ручек, а може да го додадете и во салати.

фото: Pixabay

* ПР - објава