Шеста трудница која почина од ковид-19 во земјава: Имаше само 22 години

Ковид-19 однесе уште еден млад живот

Од коронавирусот почина 22 годишна пациентка од Скопје, трудница која имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда. Од Министерството за здравство соопштија дека нејзината здравствена сосојба била многу лоша и цело време била на респиратор. 

Ова е шеста трудница која почина од ковид-19 во земјава. Вчера најмладиот починат имаше 28 години.  Во земјава има над 21.000 активни случаи на коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70.883, бројката на оздравени пациенти е 47.364, на починати е 2.051, а бројот на активни случаи изнесува 21.468, објави денеска Министерството за здравство.

Во Скопје активни се 11.042, во Куманово 645, Прилеп 920, Тетово 998, Велес 668, Битола 889, Охрид 560, а Кавадарци 566. 

Гостивар има 883 активни случаи, Струмица 556, Кочани 244, Свети Николе 200, Неготино 360 и 132 во Крива Паланка. 

Пехчево има 20, Кратово 27, а Крушево 74 активни. Демир Хисар има 53, а исто толку има и во Валандово.