Шкотска се грижи за жените: Стана прва земја со бесплатни производи за менструална хигиена

Добивај вести на Viber

Шкотска стана првата земја што овозможува бесплатен и универзален пристап до производи за менструална хигиена, вклучително и тампони и влошки во јавните установи, за секоја жена.

Ова е значајна победа за глобалното движење посветено на справување со „менструалната сиромаштија“.

Шкотскиот парламент во вторникот едногласно гласаше за предлог-законот за бесплатни производи за менструална хигиена, неколку месеци откако пратениците првично сигнализираа поддршка.

Тоа значи дека производите за менструација ќе бидат достапни за пристап до јавни згради, вклучително и училишта и универзитети низ Шкотска. Според новите правила, од локалните власти и едукаторите ќе зависи да водат сметка производите да бидат достапни бесплатно.

Ова е сигнал до светот дека може да се постигне бесплатен пристап до производи за менструална хигена.

Придружниот финансиски меморандум на законот проценува дека ова може да чини околу 8,7 милиони фунти годишно до 2022 година, во зависност од бројот на жени кои ќе ги користат бесплатните производи. А официјалната статистика за нееднаквост покажува дека скоро 20% од жените во Шкотска живеат во релативна сиромаштија.

Со ова Шкотска е прва земја во светот што обезбедува бесплатни производи за менструална хигиена. 

извор: eddition.cnn.com