Осомничениот за убиството на Данка сега демантира сѐ: „Не го убив девојчето, ма никогаш ја немам ниту видено“
Дејан Драгијевиќ во обвинителството сега негира дека го убил девојчето во Бањско Поље, пренесува Курир.
Според изворот, Драгијевиќ по изнесувањето на личните податоци, име, презиме, место на живеење и други, рекол „не ја убил Данка Илиќ“.
- Сега тој негира се. Тој рече дека не го ни видел детето кобниот ден на патот во Бањско Поље. Тој рече дека не ја ставил во автомобил и дека не ја давел, а телото не го фрлил на депонија. Практично, сега ја раскажа речиси истата приказна како и неговиот колега, осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој исто така во мај во обвинителството го негираше делото – вели изворот.
Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ нешто пред 10 часот бил донесен од притвор во Вишото јавно обвинителство во Зајечар откако побара обвинителот повторно да го сослуша.
-На првото рочиште по апсењето го призна делото и детално го опиша! Само тој знае што се промени сега – вели нашиот извор.
Фото:Screenshot