Моден фокус // Стил Профил
Шокантно издание на Мишел Обама: Со светкави чизми ги збуни гледачите
Поранешната Прва дама на Америка, Мишел Обама, ја шокираше јавноста со нејзиниот најнов моден избор. На едно гостување во Бруклин разговараше со ѕвездата од „Сексот и градот“, актерката Сара Џесика Паркер, а сите го коментираат нејзиниот аутфит.
Обама за таа прилика облече жолт фустан на Баленсијага, но сите очи беа вперени во светкавите високи чизми од истиот бренд кои чинат 3.500 евра.
Мишел неодамна ја објави автобиографска книга „Becoming“ во која, меѓу другото, раскажува за нејзините осум години во Белата куќа, за мајчинство и за бракот со Барак.