Шокирачко видео: Сека Алексиќ се бакнува со друг маж среде забава
Пејачката разменува нежности со друг маж.
Сека Алексиќ летово ужива за сите пари. Се забавува каде и кога ќе пристигне и секако сето тоа го документира на социјалните мрежи. Откако „полуде“ на свадбата на синот на Џани, а потоа тверкаше (мешаше со задникот) на Миконос, се појави ново видео од ноќната забава на која присуствуваше.
Таа танцувала во друштво на маж, а потоа имале интимен момент додека танцувале и се бакнувале. Овој клип Сека не го криеше од очите на јавноста, но би се рекло дека стана вирален само кога обожавателите го објавија на TikTok.
@milenaprvulovic97 #seka #sekaaleksic #sekastanislav #stanislavzakic #cheating #fypシ #fyp #fypシ゚viral #fyppppppppppppppppppppppp original sound - milenaprvulovic97
Инаку, во ова видео, Сека е придружувана од Станислав Закиќ, нејзиниот деловен партнер и пријател.
Сека претходно за него рече:
- Мојот Станислав. Работа. Љубов. Задоволство. Пријателство. Изводливо е, само ако знаете како-изјави пејачката за него претходно.
Фото и Видео: ТикТок