Шон Пол доаѓа во Скопје
Светски познатиот музичар Шон Пол, на 23 август ќе гостува во Скопје. Во рамките на неговата светска турнеја, од сите локации во регионов, ѕвездата од Јамајка ќе настапи само во нашата метропола. Концертот е закажан на Стадионот на АРМ во Градски парк.
На дружење со македонската публика Шон ќе пристигне директно од Кардиф, Велика Британија, а по
Скопје продолжува кон Азија. Повеќекратниот добитник на „греми“ во
Македонија ќе допатува со врвни
танчари и музичари, информираат организаторите Fusion Production и Akasha
booking.
Шон Пол Енрикес е роден на Јамајка. Потекнува од спортско семејство и семејната традиција ја следел до неговата 21 година кога завршува неговата спортска приказна и покрај талентот, затоа што сфаќа дека негова љубов е всушност музиката. Првиот сингл Baby girl (Don’t cry) го издава во 1996 година со продуцентот Џереми Хардинг. Вистинскиот пробив го прави во 2000 година со деби-албумот Stage One. Во 2002 година следува Dutty Rock, албум кој се продава во 6 милиони копии. Темата Get Busy три недели е наврвот на Billboard Hot 100. Дуетскиот сингл со Бијонсе, Baby Boy, станува број еден сингл во повеќе земји.