ШОПИНГ или ЦЕЛОСНО УЖИВАЊЕ? Сѐ што сакам, на едно место – во Скопје Сити Мол!

Добивај вести на Viber

Во периодот кога пролетта е веќе пристигната и време е за освежување на гардероберот со нови, модерни парчиња во кои ќе уживаме оваа сезона, решивме да го посетиме Скопје Сити Мол и да видиме што има ново и актуелно.

Како предводник на трговските центри од ваков формат кај нас, Скопје Сити Мол повторно нѐ изненади со различни понуди и активности, и значајни промени во функционалноста. Она што најпрво го забележавме е големата раздвиженост кон и во трговскиот центар. Покрај тоа што имаше зголемено движење, особено нѐ израдува фактот дека “rush“ (гужвите) ги нема благодарение на двата нови влеза и новиот ескалатор од првиот кон вториот кат.

На наше задоволство, го посетивме трговскиот центар во екот на големите сезонски попусти, па можевме да го доживееме целокупното шопинг искуство, во полн сјај. Влегувајќи од продавница во продавница, забележавме дека, како што прилега на трговски центар од ваков ранг, достапни се модни брендови за сечиј стил, со особено внимание на квалитетот на понудата.

Без разлика дали повеќе преферирате класичен изглед, спортски стил на облека или пак можеби сакате да експериментирате, во Сити Мол со сигурност ќе ја пронајдете вашата совршена пролетна комбинација. Акцент и дополнителна вредност на понудата се новите брендови застапени во трговскиот, како Reserved, Guess, Hugo Boss, Max&Co., Ted Baker, Tommy Hillfiger, Levi’s, Replay и многу други.

Но, шопингот не застанува тука! Можете модната комбинација да ја заокружите со соодветен избор обувки, а потоа, да им посочите на вашите партнери и блиски и они да го направат вистинскиот избор. Секако, доколку имате потреба за пауза и одмор од “трчање низ дуќаните“, низ сите коридори во Скопје Сити Мол ќе пронајдете удобни позиции за седење кои ќе ве воодушеват со својот изгледи италијански шмек. Правејќи пауза, вниманието ни го привлече целокупното уредување на просторот. Воочивме дека е посветено многу внимание на секој сегмент – од осветлување и под, до помалите детали, како внесување на повеќе зеленило низ коридорите, за да се креира уште попријатно доживување и атмосфера за посетителите. Токму затоа, шопингот во Скопје Сити Мол претставува едно целокупно доживување – спој од автентичност, мода, забава и релаксација.

Откако здивнавме, тргнавме во втора рунда шопинг и да погледнеме што уште сѐ има дополнето во молот во изминатиов период. Пријатно бевме изненадени од комоцијата која ја чувствувавме додека чекоревме низ трговскиот и во продавниците, по што вработена во една од продавниците со нас сподели дека во последниве четири години, со голема посветеност, управата на трговскиот центар работела на креирање на чувство на удобност на посетителите преку ре-форматирање и проширување на дел од продавниците, креирање зони за одмор, подобрување на техничките аспекти на трговскиот центар и внесување свежина во различни сегменти.

Откако ги посетивме поголем дел од продавниците и се уверивме дека може да се пронајде сѐ што сакате – за вас, лично, но и за вашето семејство, од облека, обувки, козметика, па сѐ до книги, спортска опрема, па дури и аксесоари за домот, решивме нашето шопинг искуство да го заокружиме на прав начин – со ручек.

Лимитирани со времето за шопинг, за крај решивме да седнеме во еден од угостителските локали во Скопје Сити Мол, и во поголема група разговаравме за тоа како ни помина времето и колку се важни редовните вложувања и негувањето на направеното. Дојдовме до еден заеднички заклучок, за кој веруваме ќе се сложите и вие – Скопје Сити Мол дефинитивно е лидер помеѓу трговските центри во континуираното негување на односите со своите посетители, со фокус на нивните барања и потреби. Со слух за посетителите, овој трговски објект е незаменлив дел од Скопје и пошироко. Сити Мол е доказ дека преку негување на естетиката и функционалноста, секогаш работејќи посветено и со фокус на луѓето, успехот е неизбежен. 


ПР објава