ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ
Како дел од зелената транзиција, за првпат во
банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco
картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост.
Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат
минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно,
или еквивалент на 1.800 кг CO2.
Шпаркасе Банка, во склоп на Групацијата Ерсте, е активно фокусирана на постигнување највисок можен степен на одржливост во сите аспекти на бизнисот, со цел максимално да се намали негативното влијание врз климатските промени. Банката ги приоретизира заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, сметајќи ги за неопходен предуслов за одржлив развој и гаранција за позелена иднина на заедницата.
„Од денешна перспектива успехот на една компанија не се следи примарно преку финансиските резултати, туку каков е импактот на компанијата врз окружувањето, еколошкото влијание и активностите за одржливост пренесени преку своите клиенти и вработени. Одговорниот пристап вклучува грижа за животната средина и приспособување на деловниот процес за намалување на негативните последици врз околината, затоа што имаме голема обврска да им оставиме зачувани ресурси на располагање на идните генерации.
Одлуката да се произведуваат рециклирачки ЕКО картички претставува симболичен, но значаен чекор во насока на намалување на загадувањето, помагајќи си заедно со нашите клиенти да го намалиме влијанието врз планетата. Дополнително, значително и интензивно ја редуцираме употребата на хартија преку интерна и екстерна дигитализација со воведувањето на OneID – дигитален идентитет и електронски потпис, како и електронска архива“ – изјави Биљана Мишиќ, раководител на службата за картички и дигитални канали.
Шпаркасе Банка и понатаму ќе продолжи да ја поттикнува приказната за зачувување на животната средина, затоа што веруваме дека на тој начин ќе придонесеме кон позитивни промени и позелена иднина за сите.
ПР објава