Шпаркасе Банка верува во младите зашто тие се иднината

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка верува во младите и во иднината и затоа постојано работи на унапредување на производите и на услугите наменети за младата популација. За таа цел беше лансиран пакетот Vibe On – пакет финансиски алатки и ресурси дизајнирани специјално за млади луѓе.

Пакетот Vibe On е изработен и приспособен за зајакнување на младите што сакаат да преземат контрола врз својата финансиска иднина. Vibe On нуди сè што ѝ е потребно на младината за посигурно да раководи со личните финансии.

Пакетот е наменет за млади од 15 до 25 години и вклучува: платежна сметка, дебитна картичка Visa, S-Banka мобилно банкарство и многубројни привилегии и поволности во рамките на клубот Vibe on. Дополнително, овој пакет вклучува: ослободување од провизија за месечно одржување трансакциска сметка, ослободување од членарина за дебитна картичка, ослободување од провизија за месечно одржување на S-Banka мобилна апликација со привилегија плаќање, две бесплатни подигнувања на готовина месечно на АТМ од кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе) и друго.

Со Клуб програмата Vibe Оn, корисниците на картичката Visa МОН за обезбедување субвенциониран студентски оброк и корисниците на картичките Vibe Оn, добиваат соодветни привилегии и поволности, кои ќе имаат можност да ги користат кај партнерите и соработниците на Шпаркасе Банка, чијашто мрежа секојдневно се проширува. Во моментов актуелна е големата наградна игра „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на платежна картичка Visa и на пакетот за млади Vibe On. Со секоја поединечна трансакција во износ еднаков или поголем од 500 денари, добиваат шанса за патување во Амстердам или во Берлин.

Шпаркасе Банка е доверлив партнер на младите на патот на финансиската независност. Преку персонализирани и стручни совети, посветено им помагаме да донесат правилни финансиски одлуки што ќе ги подготват за предизвиците во иднината.

#ВерувајВоИднината

пр објава