Што бараат миленијалците во еден автомобил?
Генерациите родени помеѓу раните 80-ти и средината на 90-тите имаа навика да им се јавуваат на своите пријатели преку нивниот домашен телефон, но сега тие ги користат последните генерации на мобилни телефони. Овие генерации започна да слушаат музика на касетофони, но моментално ги имаат сите омилени песни поставени на „Cloud“.Тоа се миленијалците, генерација која се издвојува со брза адаптација кон технолошкиот напредок. А денес, оваа група сочинува 12% од сите купувачи во Европа.
Но, што всушност бара оваа хипер поврзана, слободољубива генерација при избор на возило?
-Дизајн, пред се: За 40% од сегашните купувачи на автомобили помеѓу 25 и 37 години, надворешните линии се една од главните причини за купување на возило, врз основа на внатрешно спроведени истражувања од SEAT. Слично на тоа, резултатите покажуваат дека една третина од луѓето под 30 години сметаат дека автомобилот е одраз на нивната личност и сакаат автомобилот да го одразува нивниот индивидуален стил. Поврзувањето, звучниот систем и инфо-забавниот систем се дополнителни одлучувачки елементи за еден од секои три миленијалци.
-Мал и градски автомобил: Постојат многу опции на пазарот, но оваа генерација има јасна идеја, односно 50% преферираат компактни модели како што се SEAT Leon или Ibiza. Покрај тоа, SUV сегментот е исто така мошне популарна опција за 20% од оваа група, процент кој се зголемува со возраста на купувачите. Сепак, само еден од секои пет миленијалци е способен да купи автомобил со својата заштеда, бројка која се зголемува до 40% во постарите генерации.
-Ажурност и со еден клик: Да се биде дигитална генерација што е главно во одлучувањето за купување еден модел или друг, миленијалците спроведуваат детално истражување на Интернет. Според Енрике Пастор, одговорен за истражувања на пазарот и стратегија на производот во SEAT: „Во просек се потребни девет недели за миленијалците да се одлучат за купување. Бидејќи одвојуваат време да бидат подобро информирани и се релативно помалку искусни во процесот на купување автомобил, исто така потребно им е повеќе време за одлука“.
Веб-страниците на производителите и специјализираните извештаи сочинуваат голем процент во однос на нивните главни извори на информации. Една разлика што ги издвојува од нивните претходни генерации, е дека за оваа генерација, важна улога играат и препораките од пријателите и семејството.
-Споделувањето е живеење: Во споредба со минатото, начинот на кој луѓето ги користат своите автомобили денес е променет. Според интерни истражувања, миленијалците се првата генерација што е заинтересира за нови форми на мобилност. На пример, 26% од возачите на возраст од 25 до 37 години размислуваат да го делат својот автомобил со други корисници. Всушност, делењето на автомобил е „тренд што може да се очекува да се интензивира во иднина: околу 36 милиони корисници низ светот ќе користат услуги за споделување на автомобилот до 2025 година.“- заклучува Енрике.