Што да јадете и како да вежбате за време и по менопаузата: Ова е единствениот начин да го избегнете дебелеењето по 50 - тата година
Постојат ли начини кои може да ни помогнат да останеме здрави и да ја одржуваме килажата и по 50 - тата година и по менопаузата?
Жените по 50 - тата година, често доживуваат шок, бидејќи сосема неочекувано, претходно виткото тело почнува да се прелива и да виси, па кога ќе се погледнете во огледало, постои силна желба да се скрши нешто тешко и од мала вредно.
Проблем со вишокот килограми по менопаузата
Вишокот килограм во текот на менопаузата не е единствен проблем на жените. Тука се солзите, топлите бранови, несоницата и силните главоболки. Притисокот се качува, расположението нагло се менува, но како истовремено да здрачите со ведрина и оптимизам, како што советуваат слатките оперирани девојки од екраните?
Секако, современата медицина нуди многу лекови кои помагаат да не ги чувствувате последиците по менопаузата, но тие лекови мора да ги конзумирате само по препорака на лекар. За да го избегнете дебелеењето за време и по менопаузата, прво и основно е да отидете на преглед кај гинеколог и ендокринолог.
Честа причина за дебелеењето во овој период од животот е дисфункцијата на тироидната жлезда.
За да му помогнете на ендокриниот систем, пропишата терапија треба да ја земете на време, а по неколку месеци и тежината ќе се стабилизира. Но, третманот треба да се врши само под надзор на лекар.
Освен стручната помош, жените по 50 - тата година мора да водат сметка и за тоа што јадат и како и колку се движат. Физичката активност е клучна. Дури и доколку претходно не сте спортувале, сега морате.
Медицински упатства за одржување на тежите за време на менопаузата:
1. Направете план за оброци и држете се до него. Интервалите помеѓу оброците нека бидат најмалку 3 часа.
2. Елиминирајте го свинското, мрсно месо, свинската маст, домашните млечни производи, благото и лебот од вашата исхрана.
3. Дневно правете од 8.000 до 10.000 чекори.
4. Не грицкајте ништо помеѓу оброците. Доколку чувствувате глад, пијте вода или јадете свеж морков или јаболко.
5. Контролирајте ги порциите. Една порција треба да има најмногу 250 грама храна.
6. Заборавете на соковите - и фабричките и домашните. Само вода.
7. За да избегнете прејадување, водете сметка како јадете и добро џвакајте ја храната. Кога јадете не гледајте телевизија.
8. Вашата исхрана се состои од растителна храна. Јадете до 500 грама свежи овошје и зеленчук во текот на еден ден.
9. Нека вашиот пијалок биде чиста вода. Никако кафе, компот, вино...
10. Обидете се да се движите повеќе. Доколку претходно не сте вежбале, сега е можност да се запишете на некој спорт кој ќе ви годи.