Што да направиме кога некој кашла и кива, а ние немаме маска: Совет од професор

Добивај вести на Viber

Професорот Фредрик Шерман со корисни совети

Маските се сепак најдобриот начин да се заштитите себеси и другите од пренесување на вирусот ковид-19. Како и да е, што да направите ако се најдете во друштво на сомнителна личност или во ситуација што ја сметате за ризична, а немате маска?

Професорот Фредрик Шерман од американското медицинско училиште „Монт Синај“ во Њујорк нуди корисни совети што да направите за барем малку да го намалите контактот со вирусот.

Шерман вели дека ако се најдете во ризична ситуација или сте во друштво на личност која кива и кашла, обидете се веднаш да издишите за да избегнете вдишување на капките.


- Стиснете ги усните за да издишете подолго. Свртете ја главата целосно од личноста и обидете се да се оддалечите - вели професорот.

Овој метод не мора да ве заштити од инфекција, но може да ја намали можноста да го вдишите вирусот во случај да е заразено лице во вашата околина. Истражувањата покажаа дека постои поголем ризик од инфекција доколку вдишете поголеми количини на вирус, а исто така може да игра улога и времето поминато во друштво на заразено лице, изјави професорот за списанието „Атлантик“.

Со ова ве повикуваме да ги следите препорачаните мерки - држете дистанца, носете маска и избегнувајте собири.


Можеби ќе ве интересира:

Потресна приказна на хигиеничарка од инфективна клиника: Најтешко ми е кога ќе најдам празен кревет