Што да правите кога детето ќе проголта одреден предмет и почне да се гуши? Ова се чекорите за превентива, една грешка сите ја прават
Реагирајте на време!
Трагедија се случила во Владичин Хан (гратче и општина во Пчињскиот округ во Србија).
Детето најпрво било пренесено во Здравствениот дом во Сурдулица, а потоа во КЦ Ниш каде итно му била извршена операција. За жал, немало спас, тешкото оштетување на функцијата на мозокот било трајно.
Задушувањето со туѓо тело (делови од играчки, ситни предмети, големи бонбони...) е одговорно за речиси една третина од сите смртни случаи на деца под 14-годишна возраст.
Што треба да направите?
Ако на детето му се заглавило нешто во устата и кашла, само натерајте го добро да се искашла , бидејќи кашлањето е природен начин за исфрлање на туѓо тело. Положбата во моментот кога туѓото тело не пречи не е важна, бидејќи детето инстинктивно правилно ќе се постави.
Доколку туѓото тело веќе се заглавило и го прекинало дишењето, најдобро би било некој веднаш да повика брза помош, но за тоа време не смеете да го оставите детето само, туку да почнете да му пружате помош:
-Фатете го детето за долната вилица и легнете го преку своето колено. Ако сте деснак и со десната рака ја држете вилицата на детето, легнете го преку десното колено. Ако сте левак, обратно.
-Со другата, слободна рака, удирајте го детето пет пати меѓу лопатките (внимавајте да не го удрите по глава). Главата е свртена надолу, така што предметот испаѓа, а не назад во грлото.
-После пет удари со дланката, доколку предметот не испаднал, подигнете го детето и направете ја таканаречената Хајмлихова процедура, под дијафрагмата.
Овој метод успева во повеќето случаи, но не е безопасен. Пресилниот притисок на стомакот може да ги повреди желудникот, црниот дроб или слезината. Поради тоа силината на притисокот треба да се прилагоди според конституцијата на оној кој се задушува.
На оној кој стои или седи со затворена шака се притиска силно и нагло насред средина на стомакот помеѓу долниот раб на градната коска и папокот и се опфаќа со дланката од другата шака. Брзо и силно се притиска стомакот кон навнатре и нагоре. Притоа не смее да се притиска коскениот дел од градната коска, бидејќи на тој начин се намалува можноста за повреда на органите во внатрешноста на градниот кош.
Се изведуваат по пет притисоци во длаболината и така воздухот од белите дробови преку душникот се истиснува до гркланот. Овој притисок би требал да го исфрли туѓото тело. По првите пет зафати може да се направи обид со по пет силни удари помеѓу лопатките. Потоа пак се прави обид со по пет Хајмлихови зафати. Само кај дебелите луѓе и кај трудниците не може да се опфати овој дел, па кај нив се притиска преку долната третина од градната коска, преку местото каде инаку се врши притисок при надворешна масажа на срцето.
Хајмлиховите зафати се прават или до успешно исфрлање на туѓото тело или додека оној кој се задушува не ја загуби свеста. Тогаш треба со рака да се исчисти хранопроводникот и човекот да се стави во странична положба (доколку дише откако сме го извадиле туѓото тело). Во случај да не дише, тогаш треба да му/и се даде вештачко дишење. Доколку нема никого во близина, оној кој се задушува може сам/сама да се фрли на работ од потпирката на стол, или на нешто слично, со делот од стомакот помеѓу папокот и долниот раб од градната коска, или најпрво сама да се притисне со шаката која е опфатена со дланката од другата рака.
Кај деца во прва година од животот се започнува со пет удари во грбот, помеѓу лопатките. Ако тоа не успее, се применува Хајмлиховиот зафат, но не како кај возрасните, туку исто како при надворешна масажа на срцето, преку средината од средната третина на градната коска (помеѓу брадавиците), со два прста. Вадењето на туѓо телото кај мало дете, кое ѕирка од гркланот е многу ризично, бидејќи така може да се напика уште подлабоко.
Мерки за превенција
-Децата помали од четири години треба да избегнуваат храна која може да предизвика гушење. Тие вклучуваат коскесто овошје, свежи моркови, тврди пуканки или бонбони.
-Додека јаде, детето треба да седи мирно, да зема мали залаци храна и да не зборува или да се смее со полна уста.
-Внимавајте во околината на детето никогаш да нема предмети кои би можело да ги стави во устата и да предизвика гушење: балони, делови од хемиско пенкало, монети, мониста, батерии...
-Дозволете му на вашето дете да си игра со играчки кои имаат мали делови само под надзор на возрасен.
Не отстранувајте го туѓото тело со раце или со било што друго, бидејќи мукозната мембрана формира ѕид околу предметот и не дозволува дополнително да се лизне. Кога ќе ги ставиме рацете во устата на детето уште повеќе го повредуваме, а како последица на оваа грешка предметот го прескокнува бедемот и потешко се отстранува.