Што да правите кога ве болат очите од гледање во екранот?

Добивај вести на Viber

Се повеќе и повеќе луѓе „висат“пред компјутерските екрани по цел ден. И тоа воопшто не е добро за нивните очи.

Лекарите од Германија пронајдоа најдобра превентива за овој проблем

Околу 80 отсто од луѓето кои трошат повеќе од три часа дневно пред екранот велат дека тоа им создава проблеми, а половина од нив велат дека чувствуваат проблеми со очите, според германската офтамолошка асоцијација.

Советот е едноставен- да правите пауза. Идеално би било неколку пати, или на секои 20 минути. Би било добро да погледнете во далечина или во некои растенија.

Исто така, мониторот треба да биде оддалечен најмалку од 50 см од вас. Исто така е важно редовно да одите на лекарска проверка.