Што е брендирање?

Добивај вести на Viber

Вчера 50-тина Битолчани имаа можност да учат на оваа тема од Роланд Симон, бренд стратег и специјалист за маректинг комуникации. Роланд пред присутните на настанот организиран од Пред Плус Фондацијата во соработка со Швајцарската програма за претприемништво #SwissEP поддржана од Швајцарската влада во Хотелот Милениум отвори интересни прашања и теми поврзани со една стара констатација дека брендирањето е карактеристика на големите компании.

Брендирањето не е само маркетиншка пракса со помош на која секоја комапнијата креира име, симбол и дизајн по кој станува препознатлива туки и алатка која им помага на луѓето да разберат што продавате и како да Ве разликуваат од другите услуги или брендови.

Но, брендирањето е многу повеќе од лого и боја, како што кај нас локално се размислува. Брендирањето подразбира се, што ќе се направи и каже за бизнисот, па дури и ако под тоа се подразбира и само Вас како личност. 

Преку многу интересни примери, овој експерт вчера на главно млада публика која е на прагот да започне свој бизнис им објаснуваше зошто брендот е јавно лице на нивното работење.

Секој елемент на Вашето водење на бизнис помага во изградбата на брендот, од Вашата секретарка која се јавува на телефон, преку профилната фотографија на социјалните мрежи, до тоа како го пакувате својот производ или како се претставувате себеси додека ги давате Вашите услуги.

Преку прашања и одговори на крајот од сесијата, слушателите имаа можност директно да добијат одговори на нивните дилеми зошто брендирањето е важно, како помага во Вашата репутација, како отвара можности за нови инвестиции во Вашиот бизнис или во пронаоѓањето лично на нова работа.

И од Битола се можи(е).

Овој настан беше склоп на првата акцелераторска програм Employouth програмата за старт ап компании од Пелагонискиот регион-проектот кој е координиран од Преда Плус Фондацијата и ФИКТ - факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола.