ШТО Е ПОДОБРО: Размазено дете или презаштитено дете?
Начинот на кој родителите го одгледуваат детето влијае на типот на личноста и психолошката структура.
Уште во почетокот на 20-от век е докажано дека децата кои растеле без љубов стануваат невротични личности.
Затоа на детето покажете му љубов, немојте да му скратувате љубов.
За да еден родител се смета дека е добар родител, мора неговото дете да биде заштитено и сакано.
Но, има и родители кои се трудат на децата да им угодат и им пружаат само позитивни искуства.
Има и варијанти каде среќното дете станува несреќна возрасна личност.
Едните израснуваат во патолошки - нарциси, а другите во пасивно - зависни личности.
Оние деца кои биле презаштитени се пасивни затоа што за себе сметаат дека се неспособни.
Љубовта не го расипува детето, туку го расипува она што го нема, а тоа е дисциплината.