Што ги очекува хороскопските знаци за викендот?

Добивај вести на Viber

Овен

Не нервирајте се поради луѓето кои немаат време за вас, имате други пријатели на кои можете да им верувате. Притоа, сигурно ќе изгубите премногу енергија, а нема да постигнете ништо конкретно.

Бик

Повеќето од вашите планови  веднаш ги споделувате со другите. Но, една работа сѐ уште е длабоко запишана во вас, и преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на блиска личност со која сте опкружени и се отворите за она кое ве мачи.

Близнаци

Промените се блиску, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. 

Рак

Ќе имате спокој овие два дена. Воопшто нема да чувствувате еуфорија поради празникот и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Ако сте слободни,  поканете  пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

Лав

Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра. Можеби е време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина.

Девица

Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош од партнерот или семејството, не се плашете да ги прашате. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. 

Вага

Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.

Скорпија

Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате и натаму им е потребна помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.

Стрелец

Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.

Јарец

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

Водолија

Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување. Викендов би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото, или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. 

Риби

Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.