Здравје // Совети
Што ќе одлучи Владата за полицискиот час: Ќе се олабават ли мерките за Велигден
Сите очи вперени кон Владата. Се чека одлуката дали ќе се прифатат барањата на комисијата за пократок полициски час, а за време на големите верски празници Велигден и Рамазан тој да биде укинат.
Препораките на кризниот штаб се да се олабават рестриктивните мерки. Се предлага полицискиот час да трае од 21 до 5 часот наутро, а 1 и 2 мај и 12 и 13 мај се предлага воопшто да нема ограничување како полициски час.
Меѓудругото барање на комисијата е да бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.
Сепак здравствените власти, апелираат до граѓаните за почитување на мерките за празниците.