Што му треба на секој хороскопски знак кога има лош ден
Рак: Да има отворен разговор со сакана личност
Ракот е навикнат да биде чувар и да се грижи за другите, па затоа не е секогаш лесно да се сподели нешто кога се соочува со проблем. Сепак, ако имате сакана личност од доверба, сè што навистина ви треба е да ги „извадите“ сите ваши емоции на маса. Откако ќе може да ги искажете своите проблеми, ќе откриете дека се чувствувате многу полесно.
Лав: Да се потсетина неговите добри квалитети
Иако Лавот обично има доволно самодоверба, тоа не значи дека е имун на лоши денови. Кога не успева, прво страда неговата самодоверба. Иако тој многу добро знае кои се неговите јаки страни, за него е многу важно да слушне од некој друг за неговите добри квалитети.
Девица: Се фокусираат на тоа да го направат остатокот од денот подобар
Иако секој има свои ранливости, Девицата има различен пристап кога има лош ден. Иако лесно може да се обесхрабри, Девицата претпочита да се грижи за остатокот од својот ден. Можеби не е во можност да ги смени лошите работи, но може да даде се од себе во остатокот од времето и да ја преземе контролата над ситуацијата сè додека не се подобрат работите повторно.