Што претставува мрежен маркетинг или „нетворк маркетинг”?

Добивај вести на Viber

На сите ни е познат принципот на работа „заработувам од процент на продажба на одредени производи/услуги“, „имам мрежа на соработници на кои им препорачувам или од нив собирам поени и истите ми носат заработка“ и „заработувам од секое пазарење на моите потрошувачи“. Но, што всушност претставува оваа алатка која ја користат многу светски компании?

За многумина, перцепцијата за „нетворк маркетинг“ е дека претставува можеби и инвазивна алатка за привлекување нови членови и ширење на мрежата на бизнисот, или пак некаква нејасна структура во која што е тешко и комплицирано да влезете, а уште потешко да излезете, кога веќе сте се „закачиле“ за таа мрежа.

Но, она што пак многумина и не го знаат е дека „нетворк маркетингот“, всушност, не е никакво табу, туку е една од најголемите индустрии на глобално ниво која тежи повеќе милијарди долари. Токму со помош на оваа структура и овој начин на работа, милиони луѓе ширум светот имаат едноставен и брз начин на заработка, можност за градење на успешен, профитабилен сопствен бизнис, слобода за работа од дома, или во кое било време и од кое било место, но што е можеби и најважно, можност за брз напредок во кариерата, каков што практично ниту една „традиционална” компанија не може да понуди.

„Нетворк маркетингот“ или наречен „мулти левел маркетинг“,претставува тесна линија помеѓу директната продажба и маркетингот и се користи како алатка од страна на компании за продажба и дистрибуција на производ или услуга до крајните потрошувачи. Всушност, наместо традиционалното огласување во медиумите, компаниите им дозволуваат на своите најдобри купувачи да препорачуваат преку таканаречената “Word of Mouth” техника, или продажба преку дирекна 1 на 1 комуникација со крајниот потрошувач. Оваа комуникација ја врши независен маркетер кој има одобрен статус од компанијата или понекогаш таканаречен дистрибутер, а кој, пак, по склучување на продажба со крајниот потрошувач добива одреден процент на заработка. Значи “win-win” за сите! Наместо компаниите да вработуваат продавачи и да ги плаќаат со фиксна плата, тие одлучуваат да ги наградат со големи провизии своите маркетери или дистрибутери откако ќе продадат.

Како што споменавме, интересно е тоа што малкумина знаат колку всушност тежи оваа индустрија. Според податоците од извештајот за „нетворк маркетинг“ од 2018 година, во 2017 година компаниите кои своите производи ги продаваат преку „нетворк маркетингот“ достигнале рекордни 189.6 милијарди долари вкупна продажба. Колку за споредба, филмската индрустрија на глобално ниво во 2018 изнесувала 136 милијарди долари.

Истовремено, ваквиот начин на промовирање е транспарентен, јасен и пред сѐ етички и овозможува компаниите својот профит, односно она што ќе го заработат од продажбата, да го поделат со своите независни маркетери. Како второ, самите независни маркетери се наградени за својот труд со одреден компензациски план, и за крај, колку повеќе продажби остваруваат тие, толку повеќе заработуваат и напредуваат на скалилото. На крајот на месецот, исплатите се загарантирани, и истите достигнуваат и до десетици илјади евра, и тоа не само за странските пазари, туку верувале или не, дури и во Македонија!

Доколку веќе зборуваме за пазарите каде оваа алатка вистински функционира, „нетворк маркетингот“ е најзастапен во Азија, каде во 2017 година продажбата изнесувала 85 милијарди долари, а по Азија доаѓа Европа, регион кој е на второ место каде е најзастапен овој начин на рекламирање на компаниите, а продажбата тука бележи неверојатни 38 милијарди долари.

Но, не само во Азија и Европа. „Нетворк маркетингот“ е застапен на буквално сите континенти и во буквално сите земји, а листата на компании кои работат на овој принцип е навистина долга.

Компаниите за убавина и нега како Avon, Orifflame, потоа Herbal life, Beautycounter, Jeunesse, Amway, Young Living, Arbonne International, се најчести кои го применуваат овој модел на работа за нивните производи да стигнат до крајните потрошувачи. Но, освен нив имаме комапнии и од други сектори како на пример:WVP, Lyconet, Forever Living и итн.Голем дел од нив се застапени и во Македонија и можноста да изградите сопствена мрежа од купувачи или да бидете „сам свој газда“ без да имате каков било притисок од страна, а притоа да заработувате месечни приходи по светски стандарди, дефинитивно е примамливо и вреди да се проба.

Предностите се навистина големи доколку се одлучите за кариера во „нетворк маркетингот“. Пред сѐ можноста да работите кога сакате од каде сакате, бидејќи овие компании најчесто имаат преставништва низ целиот свет, потоа загарантирана месечна заработка зависно од вашиот труд, можност да креирате вредни контакти и листа од потенцијални потрошувачи, и секако, едноставен начин за брз напредок во кариерата и практично загарантиран успех. Ваше е само да сакате, а што е најважно, ниту искуство не ви е потребно.

На крајот, фактите говорат сами за себе, бројките и податоците се евидентни и транспарентни, истражувањата се достапни секому и очигледно е колку всушност во светски рамки „нетворк маркетингот“ е популарна алатка за остварување на личен успех и добри резултати. Но, каде е тука Македонија? Веројатно ниту нашиот пазар не многу далеку од светските трендови и постојат голем број компании кои работат на овој принцип, меѓутоа она што е важно да се потенцира е дека е неопходно да се работи на перцепцијата за овој начин на заработка. Не се работи за никакво табу, ниту за нешто забрането, недостижно, комплексно. „Нетворк маркетингот“ е присутен и кај нас и веќе десетици години испишува безброј успешни приказни на илјадници македонски семејства.