Што претставуваат боите со кои ги фарбаме јајцата

Знаете ли кое е значењето на боите со кои ги фарбаме јајцата?

1.  Црвена боја

Оваа боја е поврзана со крвта на Исус Христос. Затоа црвената боја е симбол на љубовта и жртва за доброто на сите луѓе.

2.  Виолетова боја

Виолетовата боја за време на Велигден претставува кралство и се верува дека оваа боја донесува богатство.


3.  Зелена боја

Оваа боја донесува надеж, па го претставува раѓањето .

4.  Светлосина боја

Оваа боја го симболизира рајот или небото и водата. Светлосината боја  означува почеток на ново создавање, мир.

5.  Жолта боја

Жолтата боја е поврзана со сончевата светлина. Тоа е боја која донесува  среќа и радост.


6.  Портокалова боја

Портокаловата боја ја претставува надежта и е поврзана со почеток на нов ден.

7.  Розова боја

За време на Велигден, розовата боја симболизира нов, свеж почеток.