Што се можете да направите со 2GB во роаминг

Патувате во странство и една од работите што ги правите е да го изгасите интернетот во роаминг.  Тие времиња се веќе минато бидејќи телекомуникациските компании ја увидоа потребата од интернет комуникација и во странство и сега креираат пакети кои овозможуваат  целосно прeпуштање на летните задоволства, но истите и да ги споделиме со нашите најдраги, за што секако е потребен мобилен интернет. J Оваа сезона Vip “изненади” со најновата роаминг понуда која овозможува 2GB додека сте во странство.

Сигурно си го поставувате прашањето , што можам со 2GB кога ќе ја минам границата? Според статистиките, 2GB се сосема доволни за непрекинат чет на сите апликации: Messenger, Viber, Whats up, а секако и за постирање статуси наFacebook и Instagram како и за гледање кратки видеа со пониска резолуција.

Со 2GB можете:

-Да испратите неверојатни 2 милиони текстуални пораки преку Вибер или 20 000 emoji, GIF-ови или сл.

-Да се сликате и да ги постирате најубавите 1000 фотографии на социјалниите мрежи 

-Да си снимате и да постирате 300 видеа со должина од 1 минута и со резолуција 640*400 на социјалните мрежи 

-Слободно да си работите и од плажа и да пратите 20 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB

-Внимавајте на Youtube или Facebook бидејќи после 20 минути ќе ви се закочи сликата

Инаку, според информациите што ги прочитавме на веб страницата на Vip, пакетите за роаминг интернет се валидни во 23оператори во Европа – меѓу нив се оператори од сите најчесто посетувани земји во летниот период: Грција, Албанија, Шпанија, Италија, Хрватска, Бугарија, Турција, Малта, Кипар, како и во сите останати земји од Европа каде има оператори од А1 Телеком Австрија Групацијата (Србија, Словенија, Австрија, Белорусија, Лихтенштајн) и партнерската групацијаVodafone. Пакетите се валидни за користење кога корисниците ќе се закачат на мрежа на некој од овие оператори.

Сите постпејд корисници на Vip може да активираат пакет од 2GB во роаминг за 499 денари, а може да се активира преку едноставно испраќање на СМС порака со текст START XL на 140999.

За корисници кои имаат поголеми потреби за интернет, имаат можност повторно да си го активираат истиот или друг пакет кој одговара на нивните потреби.