Што се случило со градите на Ким Кардашијан: Облините целосно исчезнале, не изгледала никогаш послабо

Старлетата, која беше позната по своите атрактивни облини на малите екрани, се појави послаба од кога било, а многу фанови заклучија дека ги оперирала градите и задниот дел.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) драстично го промени својот изглед во последните неколку месеци. Нејзиниот процес на слабеење започна со цел да се вклопи во фустанот на Мерлин Монро за Мет Гала, а многумина сега забележаа по нејзиното појавување на „The Late Late Show with James Corden“ дека нејзините карактеристични облини исчезнале.


Старлетата која беше позната по своите атрактивни облини на малите екрани се појави послаба од било кога. Обожавателите на реалити ѕвездата претходно ја фалеа нејзината бујна биста, но сега се прашуваат дали Ким ги намалила градите.

– Нејзините гради сега изгледаат многу помали – коментираат фановите на Твитер.

- Што се случи со нејзините гради? - прашаа обожавателите.

Многумина забележаа, освен помалите гради, дека Ким веќе го нема ниту заоблениот задник кој го користеше за да привлече внимание. Обожавателите заклучија дека реалити ѕвездата се оперирала и ги отстранила градите и задниот дел за да изгледа што послабо.



На некои луѓе не им се допаѓа како изгледа Кардашијан сега, а коментираат дека изгледа многу несреќно.



Други, пак, се воодушевени од нејзиниот „нов“ изглед.

– Оваа верзија на Ким Кардашијан ми е најдобра досега, изгледа среќно и здраво – напишале фановите.

Која Ким повеќе ви се допаѓа?

фото: Profimedia


Фото: Твитер/Инстаграм