Што се случило со лицето на Том Круз? Пластични хирурзи откриваат кои процедури ги направил актерот - публиката шокирана

Добивај вести на Viber

Со појавувањето на затворањето на Олимписките игри, Том Круз уште еднаш предизвика коментари во јавноста за естетските интервенции на кои се подложил за да го одржи младешкиот изглед.

Имено, неговиот драматичен скок од небо и возењето мотоцикл на затворањето на Олимписките игри несомнено беа впечатливи за маж во седмата деценија, но повеќе се коментира за неговото лице отколку за акробациите со кои сакаше да ја импресионира публиката.

Гледачите на церемонијата забележале дека лицето на актерот е „надуено“, а еден корисник на социјалната мрежа „Х“ напишал: „Дали Том Круз си го поправи лицето? На прв поглед личеше на Дон Џонсон. Прашувам за пријател?“

Пластичниот хирург Ричард Вестрајх за „Sun“ го коментираше случајот:

„Тој можеби потрошил околу педесет илјади долари на козметички третмани во текот на годините, но мислам дека ова е само почеток за Том. Мислам дека за повеќето луѓе, има пресвртна точка кога она што ги мачи станува толку лошо што одлучуваат да направат нешто во врска со тоа.“ „На средбата пред Оскарите, веѓите на Том изгледаа малку пониски од вообичаеното, ако користите големи количини на ботокс, веѓите може да се спуштат. Изгледа како тој да вбризгал повеќе ботокс во челото“, објасни тој.

Пластичниот хирург Шем Јапа за Дејли Меил изјави дека е можно Том Круз да направил фејслифтинг во комбинација со  вбризгување маснотии.

„Може да биде ефикасна комбинација и тоа е операција која често ја правам сам, но мора да внимавате на количината на маснотии што ја ставате во лицето. Како што старееме, се случуваат две работи, кожата се опушта, па лицето паѓа и се повидливи подлабоки линии од носот до устата, вилицата и полабав врат. Го губиме волуменот и околу слепоочниците и средината на лицето, што може да доведе до потенок изглед.

Подигнувањето на лицето (фејслифтинг) го враќа младешкиот изглед на ткивото на лицето, додека маснотиите - земени од други делови на телото, обично стомакот или колковите, и инјектирани во лицето со помош на мали инјекции - го надополнуваат изгубениот волумен. Но, тие масти сепак ќе се однесуваат како сало на стомакот, дури и на лицето. Затоа ги предупредуваме пациентите доколку се здебелат, тоа ќе биде сосема видливо на лицето, па затоа мора да внимавате на количината на маснотии што се вбризгува во лицето.

Докторот додаде дека вишокот маснотии на лицето изгледа карактеристично: „Тоа е надуен изглед налик на маска каде средината на лицето изгледа вкочанета“.

Спомна дека можеби е проблем со лицето на Том Круз. „Не препорачуваме да користите  вбризгување маснотии без дотерување бидејќи ќе треба да ставите многу за да го добиете ефектот, па постои потенцијал пациентите да изгледаат полошо.

Друга работа што е важно пациентите да ја разберат е дека  вбризгуваните масти релативно тешко се менуваат - другите методи природно се раствораат до одреден степен со текот на времето, но маснотијата е трајна. Потребна е уште една операција за да се отстранат“.

„Што се случи со неговото лице?“, „Се прашував колку време ќе му треба на Том Круз да прибегне кон екстремна пластична хирургија. Го добив мојот одговор“, „Изгледа подуено како да зема тешки дроги“, „Што! По ѓаволите, Том Круз и неговото надуено лице работат таму горе. Господи.е симни се долу пред да го скршите колкот“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.


Фото: Youtube - screenshoot