Што се случува со половината на Дара Бубамара? Пејачката се соблече во бикини и предизвика хаос – „Повторно си играла со фотошоп“
Српската пејачка Дара Бубамара често е мета на критики за уредување фотографии на социјалните мрежи, а сега повторно предизвика бурни реакции.
Дара Бубамара објави серија фотографии во жолто бикини, а иако нејзините облини беа во преден план, повеќето корисници на социјалните мрежи гледаа во нејзината половина.
„Дара Бубамара си поигра во фотошоп. Што не е во ред со нејзината половина“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Х во описот на објавата.
Да потсетиме дека Дара своевремено зборуваше за своето
воспитување.
- Уште како дете бев енергична, а мојот талент за пеење прв го препозна мојата учителка. Кога моите родители подоцна видоа дека навистина привлекувам внимание каде и да се појавам, им беше јасно што ќе правам кога ќе пораснам. Како дете ги пеев песните на Лепа Брена, таа ми беше идол и сонував да имам кариера како неа – изјави Дара во емисијата „Из профил“.
- За заемите од моите родители дознав дури подоцна. Се разбира, не ми кажаа како се снаоѓале, јас бев уште дете и на нив беше да ми помогнат како што знаат и умеат. Кога почнав да се пробивам на сцената, тие не ми зборуваа: „Немаме пари, не можеш да пееш“, напротив ми беа поддршка и ме туркаа да напредувам, само тие знаеја како. Мајка бешево долгови до врат, но се исплатеше.
Фото: Х/ ИнстаграмИзор: Blic.rs