Што уште освен протеин внесуваме со млекото
Општо познато е дека млекото нè снабдува со протеини со целосна биолошка вредност. Млечниот протеин ги
содржи сите потребни аминокиселини кои не може да се создадат во организмот,
туку се внесуваат заедно со храната, а во процесите на организмот се користат
речиси целосно, од 95 до 98%. Затоа се неопходни за раст, развој и регенерација
на ткивата. Исто така, маснотија од млекото односно путерот е најлесно сварлива
од сите други масти.
Покрај протеинот, млекото содржи уште голем број состојки кои се, исто така, потребни за континуиран процес на раст, развој и одржување на организмот.
Нутритивната и заштитна вредност на млекото и млечните производи произлегува и од богатството на калциум, од витамините А, Д и Б комплекс. Затоа, како најдобар извор на калциум млекото и млечните производи се неопходни за раст на децата, за спречување фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по повреда. Калциумот е од суштинско значење за осификација на коските и формирање на забите, а односот на калциумот со фосфорот во млекото има висок процент на искористеност. Токму витаминот Д, кој е клучен за целосна апсорпција на калциумот од млекото, не дозволува при другите процеси во организмот каде е потребен овој минерал да се црпи од коските и на тој начин да доведе до нивно осиромашување и кршливост.
Основниот состав на млекото има силна нутритивна вредност и богатство од хранливи материи, но млеката со дополнително збогатен состав како што е Битолското млеко со 10 витамини, уште повеќе го снабдува организмот со толку потребните витамини и минерали. Витамините А, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Е и Д3 присутни во ова млеко се во сооднос што најмногу одговара на дневните потреби на организмот.
Сето ова придонесува млекото да е важен фактор во исхраната на сите возрасти, кај децата и младите за зајакнување на општата здравствена состојба на организмот и за зацврстување на коскената маса, а кај старите лица, за превенирање многу заболувања поврзани со возраста, за полесно и побрзо опоравување од болест и за одржување виталност на организмот.
ПР објава