Што ве очекува по 40-тата година од животот според хороскопскиот знак?
Во одреден момент од животот, кај секого се случува некаков очекуван или неочекуван пресврт. Астрологијата успешно може да предвиди што би можело да се случува во животите на луѓето, врз основа на хороскопскиот знак.
Прочитајте дали зрелоста ви носи нови искуства, мудрост, среќа или можеби, носталгија и тага по младоста.
Овен
Самата помисла на стареење предизвикува ужас кај вас. Но, немате причина да се грижите, бидејќи Марс, планетата на енергијата, владее со вашиот знак. Поради тоа, никогаш нема да ви недостига енергија. Кога ќе го поминете прагот на зрелоста, можно е да ви треба повеќе сон отколку што сте навикнати. Како што ќе поминува времето, така ќе бидете сè посигурни во себе, а вашите ставови ќе бидат посилни. Со текот на годините ќе расте и вашиот углед, особено доколку во младоста научите да ги контролирате импулсивноста и темпераментот.
Бик
Најмногу се плашите од тоа дека вашата привлечност може да се намали. Сепак, вашите вистински квалитети лежат токму во шармот и дружељубивоста, кои се безвременски карактеристики. Со вас управува Венера, планетата на љубовта. Вие ќе умеете да ги направите среќни оние кои ги сакате. Иако вашиот изглед ќе се менува, никаде нема да поминете незабележано. Во зрелоста ќе ја воспоставите стабилноста која ја немавте во текот на младоста.
Близнаци
Припадниците на овој знак воопшто не се воодушевени од помислата дека времето поминува. Но, нивниот владетел Меркур им дава доволно логика, разум и интелигенција, па затоа Близнаците разумно ја прифаќаат зрелоста. Сè додека сте отворени и сестрани, никој нема ни да ги забележи вашите години. Во зрелоста ќе успеете да си дозволите многу нешта кои не можевте во младоста, затоа што ќе имате и повеќе време, но и повеќе пари.
Рак
Дури откако ќе зараснат сите љубовни рани од младоста, припадниците на овој знак ќе можат да почнат да уживаат во животот. Со нив управува Месечината, симбол на домот, па тие имаат силен родителски инстинкт и многу се пожртвувани кога е семејството во прашање. Откако ќе успеат да основаат свое, ќе сфатат дека зрелоста им носи пријатни моменти во кругот на семејството. Годините ќе ги направат помудри и поискусни и можат да донесат поголем углед и материјална сигурност. Поради тоа ќе се чувствуваат безбедно и среќно.
Лав
Кај нив ќе дојде моментот кога ќе сфатат дека не се тие центар на вниманието, туку помладите. Тоа воопшто не им одговара, бидејќи Сонцето носи виталност и енергија за овој знак. Во текот на годините ќе стекнат почит и авторитет во своето опкружување, а ќе се намалат шансите да направат фатални грешки поради своето его и гордост.
Девица
Со овој знак владее Меркур, па така ни во зрелите години не се намалува љубопитноста на Девицата. Припадниците на овој знак не стареат лесно, имаат младешки изглед и комуникативност, но со текот на годините ќе го стеснат кругот на пријатели само на оние со кои навистина сакаат да поминуваат повеќе време. Зрелите години може да ги искористат за напредок во кариерата, за почеток на приватен бизнис, но и за поголема грижа за здравјето и парите.
Вага
Венера им помага на Вагите да изгледаат младолико дури и кога ја надминуваат 40-тата. Шармот е природен дел од нивната привлечност, а со текот на времето тој расте и расте. Треба да внимаваат на вишокот килограми, за да не си предизвикаат здравствени проблеми. Затоа, препорачливо е да не го намалуваат интензитетот на физичките активности, дури и ако се премногу мрзливи за тоа.
Скорпија
Овој знак е под директно влијание на Плутон, па затоа и најпрво ја перципираат мрачната страна на стареењето. Но, поради аналитичкиот дух и смислата за хумор, тие лесно можат да се изборат со годините и да се навикнат на мудроста што ја стекнуваат. Сепак, тие секогаш ќе сакаат младоста да се врати, а таа желба може да им донесе повеќе љубовни страдања и грижи за работата, при што најмногу страдаат финансиите.
Стрелец
Стрелецот е знак на младоста, па лесно може да се онерасположи уште на првата брчка на челото. Но, благодарение на Јупитер, тие ќе развијат филозофски став кон стареењето, со тоа што ќе го задржат оптимизмот и младоста на душата. На нивната виталност можат да завидуваат сите останати претставници на хороскопските знаци. Зрелоста им дава можност да ги согледуваат нештата на многу повисоко ниво отколку што го правеле тоа во младоста.
Јарец
Планетата на зрелоста, знаењето и амбициите, Сатурн, не дозволува Јарецот да жали за младоста и да падне во депресија уште на првото бело влакно во косата. Уште во младоста Јарците имаат позрели желби и цели за разлика од своите врсници, но во зрелоста уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа, знаењето и искуството.
Водолија
Тие не се плашат само од стареењето, што е во природата на овој знак управуван од Уран, планетата на иднината и промените. Дури и во зрелите години остануваат ментално млади, креативни и уникатни во тоа што го прават. Сепак, мора посериозно да се грижат за здравјето, да одмараат повеќе, да се хранат правилно и да имаат редовна физичка активност.
Риби
Годините кои поминуваат сè побрзо и побрзо, кај Рибите создаваат необјаснив страв на кој ни самите не можат да му го најдат коренот. Тие мораат уште во младоста да се погрижат за здравјето и финансиите, за да не мора да се грижат во зрелата возраст. Врз нив влијае Нептун, планета на емотивноста и сочувството, особини кои со тек на времето ќе станат поизразени кај претставниците на овој знак. Но, без разлика на возраста, сетилата ќе стануваат сè поизразени, па полесно ќе умеат да ги избегнат луѓето кои сакаат да ги искористат.